Kurir
Малолетник бил погоден од заталкано зрно од оружје додека тренирал во школски двор во Драчево. - На 21.05.2026 во 19:45 часот во СВР Скопје, Д.М.(37) од Скопје пријави дека за време на тренинг во двор од основно училиште на подрачјето на Драчево, неговиот син почувствувал удар во грбот, по што до него забележал зрно од огнено оружје. Малолетникот не е повреден, информираа од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Go to News Site