Kurir
Членот на извршниот комитет на СДСМ, Рубин Земон, на официјална средба со провокаторот Виктор Стојанов од фондацијата Македонија од Софија. На Стојанов, токму во време на СДСМ му беше забранет влез во Македонија, поради ширење на говор на омраза против македонскиот народ. Виктор Стојанов подолго време е предводник на негирањето на македонскиот народ од Софија. Професорот Рубин Земон е едно од последните кадровски засилувања на СДСМ. Сега, на фејсбук страницата на неговата организација беше поставена сликата со Земон, со образложение дека анти-македонската организација му дава поддршка на СДСМ во борбата против Мицкоски. – На неформална средба со Рубин Земон – дел од раководството на опозициската СДСМ и претставник на Египќаните во Република Македонија. Мнозинството граѓани на земјата ќе се спротивстават на режимот на Мицкоски, а ние од Европската Унија ќе им дадеме поддршка: во име на европската иднина на Македонија и децата таму. – стои во објавата на фондација Македонија. Кратко по поставувањето, објавата беше избришана.
Go to News Site