Collector
Капитенот Ромеро ја здувнал да го гледа аргентинското финале додека Тотенхем игра клучен меч за опстанок | Collector
Капитенот Ромеро ја здувнал да го гледа аргентинското финале додека Тотенхем игра клучен меч за опстанок
Kajgana

Капитенот Ромеро ја здувнал да го гледа аргентинското финале додека Тотенхем игра клучен меч за опстанок

Капитенот Ромеро ја здувнал да го гледа аргентинското финале додека Тотенхем игра клучен меч за опстанок Филип Здравески 22.05.2026 / 15:50 Фудбал Тотенхем в недела си ја решава премиерлигашката судбина, а повредениот капитен наместо да ги бодри соиграчите си заминал во Аргентина да гледа Ривер Плејт - Белграно. Тотенхем е на работ на обезбедување опстанок во Премиер лигата. Влегувајќи во последното коло, Спарс имаат предност од два бода во однос на Вест Хем, па нерешениот резултат против Евертон на домашен терен им гарантира место меѓу елитата следната сезона. Иако тимот на Роберто Де Ѕерби фати малку кислород, ништо не е сигурно - и затоа навивачите во Северен Лондон немаат изговор за потегот на Кристиан Ромеро. Капитенот на Тотенхем е надвор од терените повеќе од еден месец поради повреда на коленото здобиена по судирот со сопствениот голман, а пред решавачкиот натпревар во борбата за опстанок, реши да ги остави своите соиграчи на цедило. Имено, додека Спарс ќе играат натпревар „да се биде или не“ со Евертон во недела, Аргентинецот ќе биде дома гледајќи го апертура финалето помеѓу Ривер Плејт и Белграно. Популарниот Кути затоа, може да се каже, оправдано е нападнат од навивачите на гигантот од Северен Лондон. Ромеро е дете на Белграно и навивач на овој аргентиснки клуб. Белграно е старт клуб, формиран пред 121 година во далечната 1905, но досега никогаш не бил шампион на Аргентина. Финалето со Ривер е историска шанса, па не е чудно што Ромеро не можел да одолее и ја здувнал од Лондон. ????????: Tottenham captain Cuti Romero won't be in attendance at Tottenham's match against Everton. Instead, he traveled to Argentina to watch the Argentinian league's final between River Plate and Belgrano. The interesting part is that if Tottenham lose this game… pic.twitter.com/sDfoYLL27r — The Touchline | ? (@TouchlineX) May 21, 2026 Натпреварот помеѓу Тотенхем и Евертон ќе се игра в недела во 17 часот, со пренос во живо на каналот Arena Premium 4. А, пак аргентинското финале меѓу Ривер Плејт - Белграно се игра исто така в недела, но од 20:30 часот по македонско време, а со пренос на Arena Premium 3. Ќе се игра на неутрален терен на стадионот „Марио Алберто Кемпес“ во Кордоба. Но, тоа е сепак повеќе предност за Белграно бидејќи клубот е токму од Кордоба, а натпреварите ги игра на својот стадион „Жилио Сесар Вижагра“, иако одредени натпревари игра на „Кемпес“, кој не е на ниту еден клуб. Тотенхем Кристиан Ромеро Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site