Collector
Премиерот повика на народно и интелектуално обединување: Ова е последната шанса за Македонија | Collector
Премиерот повика на народно и интелектуално обединување: Ова е последната шанса за Македонија
Kurir

Премиерот повика на народно и интелектуално обединување: Ова е последната шанса за Македонија

Направив сè за да подадам рака кон опозицијата, да се обединиме. Тие секоја шанса ја испуштија и нема постојано да чекаме тие да се одоброволат за да делуваме заедно за националните интереси, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид. - Затоа јас повикувам на народно и интелектуално обединување на државата. Тоа што некои се лидери на политички партии во опозицијата и ја имаат таа улога, не значи и дека се лидери на својот народ. Одбивајќи да се обединиме за националните прашања, тие се осудени на пропаст. Стануваат маргинални служители на туѓите интереси. Затоа вистинското обединување е народното. Затоа да се обединиме сите интелектуални кругови и да си подадеме рака. Ова е последната шанса за Македонија. Мораме да ја искористиме - рече Мицкоски. Премиерот нагласи дека ќе разговара со секој, „ќе го мотивира секој кој сака да помогне и да се вклучи во процесот на Македонија која забрзува и оди напред“. Мицкоски истакна дека не може да ги разбере и оправда домашните политичари кои делуваат како специјални пратеници на премиерот на соседната држава. - Не можам да ги разберам, ниту оправдам, домашните политичари кои делуваат како специјални пратеници на премиерот на соседната држава. Тоа што тој го зборува, тоа го зборуваат и домашните политичари и нивни претставници. Поразително. Тоа нè поразува и како нација. Имаме отсуство кај дел од луѓето на чувство за припадност кон својот народ и подготвеност со гордост да го носат она што јас го велам – мекото ткиво на македонскиот народ. И колку ние сме поголема брана на предизвиците, тие се поагресивни. И да кажам дека нема пари, нема моќ и нема причина поради која би го предал мојот народ или би направил нешто, било што, на негова штета нагласи премиерот Мицкоски.

Go to News Site