Kajgana
Џо Мазула е тренер на сезоната во НБА: Глупава награда, не ми треба НБА 2025/2026 Филип Здравески 27.05.2026 / 11:46 Кошарка Тренерот на Бостон Селтикс, Џо Мазула, е прогласен за најдобар тренер во НБА, со што официјално заврши доделувањето на индивидуални награди за сезоната 2025/2026. Мазула ги предводеше Селтикс до 56 победи и второ место на Истокот и покрај тоа што Џејсон Тејтум го пропушти поголемиот дел од сезоната поради скината Ахилова тетива. Бостон, сепак, беше елиминиран во првото коло од плејофот, губејќи од Филаделфија 76ерс со 4-3 во серијата. Мазула, кој за еден месец ќе наполни 38 години, стана најмладиот добитник на наградата од Фил Џонсон во 1975 година. The 2025-26 NBA Coach of the Year is… Joe Mazzulla! pic.twitter.com/Oesf3tNCfh — NBA (@NBA) May 26, 2026 Во четири сезони на клупата на Бостон, тој има скор од 238-90, најдобар во НБА во тој период, и ги предводеше Селтикс до шампионската титула во 2024 година. Стана четвртиот тренер во историјата на франшизата што ја освоил наградата за тренер на годината, придружувајќи им се на Бил Фич, Томи Хајнсон и Ред Оербах. Мазула особено ја нагласи важноста на стручниот штаб. „За мене тоа значи сè. Многу луѓе не ги гледаат непроспиените ноќи, патувањата, подготовките за натпреварите, видео анализите и целиот труд на помошниците тренери. Потребна е многу работа за да се победи дури и во еден натпревар. Сè започнува од играчите, но огромен дел од заслугата оди на нашиот тренерски штаб“, рече тренерот на Бостон. Мазула доби 62 од 100 гласови за прво место во гласањето и беше на 96 гласачки ливчиња, повеќе од кој било друг тренер. Американскиот тренер со италијанско и афроамериканско потекло не беше воодушевен од наградата. „Не ми треба. Мислам дека е глупава награда. Не треба да постои. Повеќе е до играчите, до работата што тренерскиот штаб ја вложува и тоа е тоа, едноставно е. И не сакам повеќе да ме прашувате за ова“, беше директен Мазула. View this post on Instagram A post shared by ESPN Aus / NZ (@espnausnz) Бостон Селтикс Џо Мазула Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site