Kajgana
Во делови од Центар ќе нема вода и струја Филип Здравески 09.06.2026 / 08:12 Македонија Од ЕВН „Македонија“ известуваат дека во периодот од 8:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улица „Георги Скрижевски“ во населбата Водно. Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради затворање на вод по барање на нивен корисник, бидејки имат внатрешен проблем на улица „Даме Груев“ 7/8, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот „Кирил и Методиј“ и „Димитрие Чуповски“ во Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на работните активности. Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site