Collector
Giriş Yap
Претпладне сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд | Collector
Претпладне сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд

Претпладне сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд

Претпладне сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд Филип Здравески 09.06.2026 / 08:01 Македонија Времето денеска ќе биде снчево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени. Времето во наредните денови До четврток времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On

Go to News Site