Collector
Giriş Yap
ЗНАМ: Конгресот на СДСМ – „ЕДНО ГОЛЕМО ПРАЗНО” | Collector
ЗНАМ: Конгресот на СДСМ – „ЕДНО ГОЛЕМО ПРАЗНО”

ЗНАМ: Конгресот на СДСМ – „ЕДНО ГОЛЕМО ПРАЗНО”

Движењето ЗНАМ ја критикуваше новата политичка платформа на СДСМ претставена на партискиот конгрес под слоганот „Твоја држава, твоја шанса“, оценувајќи дека станува збор за уште еден обид за ребрендирање на, како што велат, старите политики. Од партијата наведуваат дека конгресот бил претставен како нов почеток, со најави за нова енергија и нова политичка понуда, но според нив, реалната перцепција е поинаква. ЗНАМ оценува дека пораките од конгресот се „празни флоскули“ и „политичко дежа ву“, без конкретна содржина и без јасна насока за испорачување резултати. Во реакцијата се посочува дека таканаречените „шест столба“ на новата платформа на СДСМ, наместо суштинска политичка понуда, претставуваат, како што велат од ЗНАМ, шест празни политички формулации без реална поткрепа. Партијата го проблематизира и слоганот „Твоја држава, твоја шанса“, поставувајќи прашање колку од шансите биле искористени во периодот кога СДСМ ја имаше политичката одговорност. Според ЗНАМ, во тој период биле пропуштени важни можности, а политиките на тогашната власт, како што наведуваат, ја ослабувале државната позиција, националниот интерес и довербата во институциите. Од ЗНАМ потсетуваат и на претходните политички пораки на СДСМ, како „Живот за сите“ и „Нема правда – нема мир“, оценувајќи дека тие останале симбол на големи очекувања, но и на неиспорачани резултати. Во соопштението се споменуваат и контроверзите поврзани со поранешни функционери на СДСМ, меѓу кои златните визи, патувањата во Дубаи, набавките на вакцини и ветувањата за борба против криминалот и корупцијата. ЗНАМ дополнително оценува дека СДСМ, како некогашна државотворна партија, денес ги губи политичките контури и националниот компас. Според нив, наместо да биде фактор на внатрешна кохезија и заштита на државниот интерес, партијата сè почесто делува како промотор на наративи блиски до бугарските политички позиции. Во соопштението се наведува дека Македонија поминала низ премногу искушенија за, како што велат од ЗНАМ, повторно да биде убедувана дека старите политики можат да се претстават како нова надеж. Од партијата порачуваат дека граѓаните не бараат нови слогани и популистички ветувања, туку одговорност, резултати и стабилни институции. „За Движењето ЗНАМ, Македонија останува трајна државна обврска. Нашата политика е насочена кон заштита на институционалниот интегритет, јакнење на државниот капацитет и безусловно почитување на македонскиот државен и национален интерес“, велат од партијата. Според ЗНАМ, само преку таков пристап може да се гради европска Македонија со достоинство, стабилност и јасна државна самосвест.

Go to News Site