Kajgana
14 убиени во нови израелски напади низ Јужен Либан Филип Здравески 09.06.2026 / 09:12 Свет Четиринаесет лица беа убиени, а повеќе од 20 ранети во израелските воздушни напади во Јужен Либан, според властите и Црвениот крст, додека Израел вети дека ќе продолжи да го таргетира проирански Хезболах и покрај заканите за одмазда од Техеран. „Во нападот на непријателот, Израел, во зори врз селото Зифта во регионот Набатија, 7 лица беа убиени, вклучувајќи едно сириско дете и една жена, а 8 беа ранети, вклучувајќи две жени“, се вели во соопштението на либанското Министерство за здравство. Насилни воздушни напади Во понеделник вечерта министерството објави дека 5 лица беа убиени, а 8 ранети во воздушен напад врз градот Тир. Претходно, израелската армија издаде наредба за евакуација на Тир. Друг воздушен напад подоцна истата вечер уби две лица, вклучувајќи едно дете, и рани уште 10 во Марванија на југ, според истиот извор. Израелските воздушни напади погодија повеќе од 15 локации во Јужен Либан во понеделникот, вклучувајќи го и Тир, според либанската Национална новинска агенција (NNA). Еден од нападите „беше насочен кон автомобил во близина на зградата на Либанскиот Црвен крст“ во крајбрежниот град, според истиот извор. Четири спасувачи беа повредени во нападот. Тие беа хоспитализирани откако беа погодени од фрагменти од стакло, според Црвениот крст. Фотограф на AFP забележа густ облак од чад како се издига од крајбрежниот пат во градот. Хезболах ја презеде одговорноста за понатамошни напади врз израелските сили во Jужен Либан, но не и во Северен Израел. војна Израел-Хезболах Либан Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site