Collector
Giriş Yap
Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единствен | Collector
Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единствен

Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единствен

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обвини дека поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, наместил тендер за одржување хигиена на граничните премини и терминали. Од партијата тврдат дека информациите ги добиле од свиркачи и наведуваат дека тендерот бил во вредност од 18 милиони денари. Според нивните наводи, Богоев требало да добие 10 проценти од вредноста на тендерот, односно 1,8 милиони денари. „Се разоткрива уште една тендерска шема на СДС, а Венко Филипче, како и за сите претходни, не се оградува и не осудува“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата прашуваат колкава сума би била доволна за раководството на СДСМ да се огради и да осуди евентуален криминал, доколку, како што велат, ова не го сметаат за спорно. ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да отвори постапка и да испита дали станува збор за изолиран случај или имало и други тендери кои, според нивните сомнежи, биле наместени за време на мандатот на Богоев како директор на Царинската управа. Засега нема информација дали Јавното обвинителство ќе постапува по овие наводи, ниту реакција од Стефан Богоев или од СДСМ за обвинувањата изнесени во соопштението.

Go to News Site