Kurir
Наташа Беквалац повторно ја разбранува јавноста со своите искрени признанија за нејзиниот емотивен живот. Откако остави зад себе три брака, пејачката е категорична дека не планира повторно да застане пред матичарот. Иако нагласува дека во нејзиниот живот владее мир и дека е среќна дури и кога е сама, Наташа ја шокираше јавноста признавајќи дека седум и пол години е без емотивен партнер. Во неодамнешното интервју за тамошите медиуми, преку делот за брзи прашања, „Новисадската Барби“ не се воздржа од незгодни теми, туку отворено проговори за своите преференции кога станува збор за посилниот пол. Кога директно ја прашале што би избрала, четврти брак или врска за една ноќ, пејачката без двоумење одговорила дека би се одлучила за врска за една ноќ. Исто така, Наташа не криела каков тип маж ѝ го привлекува вниманието, нагласувајќи дека претпочита поголеми, но и помлади мажи. Ова признание дополнително ги разгоре шпекулациите за нејзиниот приватен живот, особено во светлината на извештаите за тајна афера меѓу неа и фудбалерот Саша Лукиќ.
Go to News Site