Collector
Giriş Yap
Гросо е нов тренер на Фиорентина | Collector
Гросо е нов тренер на Фиорентина

Гросо е нов тренер на Фиорентина

Гросо е нов тренер на Фиорентина Филип Здравески 09.06.2026 / 10:02 Фудбал Фабио Гросо е новиот тренер на Фиорентина, објави синоќа клубот од Фиренца. Во соопштението за медиумите се наведува дека Гросо потпишал договор со Виола до 30 јуни 2028 година. Тој го замени Паоло Ваноли, кој ги напушти „Виолетовите“ пред три дена. Гросо (48) го водеше Сасуоло во претходните две сезони, а пред тоа ги водеше Олимпик Лион, Фрозиноне, Сион, Бреша, Верона и Бари. „Веруваме дека Фабио има карактер, метод и ентузијазам што ќе ни помогне да изградиме посилна, поконкурентна Фиорентина која ќе остане верна на својот идентитет. Го пречекуваме со голема доверба“, истакна претседателот на клубот, Џузепе Комисо. „Навистина сум среќен што можам да ја искористам оваа извонредна можност. Пристигнувам во престижен клуб, со страсни навивачи и град кој го живее фудбалот со голем интензитет. Никогаш не сакам да давам ветувања, но свесен за одговорностите што ме чекаат, чувствувам дека веднаш можам да гарантирам сигурност, професионализам и вклученост во градењето на храбар и амбициозен тим“, беа првите зборови на Гросо. FABIO GROSSO È IL NUOVO ALLENATORE DELLA FIORENTINA⚜️ ACF Fiorentina comunica che Fabio Grosso è il nuovo allenatore della Prima Squadra viola. pic.twitter.com/6qm9Awyda7 — ACF Fiorentina (@acffiorentina) June 8, 2026 Фудбалерите на Фиорентина ја завршија сезоната во Серија А на 15-тото место на табелата откако долго време беа во зоната за испаѓање. Гросо ќе има задача да ја врати популарната Виола во горниот дел од табелата, односно на местата кои водат во европските купови. Поранешниот лев бек има 48 настапи за Италија и 4 постигнати голови, а беше дел од златната генарација која го освои Светското првенство 2006 во Германија. Всушност, Гросо го постигна одлучувачкиот удар во пенал-рулетот во финалето против Франција, и неговата прослава стана легендарна. Remote video URL Фабио Гросо фиорентина Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off

Go to News Site