Collector
Giriş Yap
Носењето чепови за уши на концерти го штити слухот, а не го намалува уживањето во музиката | Collector
Носењето чепови за уши на концерти го штити слухот, а не го намалува уживањето во музиката

Носењето чепови за уши на концерти го штити слухот, а не го намалува уживањето во музиката

Концертите често надминуваат 85 децибели, што може да доведе до долготрајно оштетување на слухот. Стручњаците, во таа смисла, предупредуваат дека комбинацијата од јачината на звукот и времето минато во бучава го зголемува ризикот од проблеми, како што се тинитус и губење на слухот. Можеби затоа, заради намалување на опасноста по слухот, сè повеќе посетители на концерти носат чепови за уши. Внатрешното уво содржи ситни, чувствителни влакнести клетки коишто ги претвораат звучните бранови во електрични сигнали за мозокот. Кога одредено време човекот е изложен на гласна бучава, може да се појави зуење во ушите, но лекарите забележуваат дека и отсуството на овој симптом не мора да значи дека не се случило оштетување. Чеповите за уши се достапни бесплатно на многу концертни места и фестивали, а може да се купат и во продавница и аптека. Препорачливо е да се избере модел со ознака за намалување на бучавата до 15 - 30 децибели, бидејќи тоа претставува добра рамнотежа меѓу заштитата и можноста сè уште јасно да се слуша музиката. Исто така, можно е да се нарачаат и индивидуално приспособени чепчиња за уши од аудиолог, коишто се поскапи, но може да се користат повеќепати и имаат специјално прилагодени заштитни својства.

Go to News Site