Collector
Giriş Yap
Руската ПВО ноќеска соборила 140 украински дронови, четворица загинати во руски напад во Харковската област | Collector
Руската ПВО ноќеска соборила 140 украински дронови, четворица загинати во руски напад во Харковската област

Руската ПВО ноќеска соборила 140 украински дронови, четворица загинати во руски напад во Харковската област

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за противвоздушна одбрана ноќеска пресретнале и уништиле 140 украински беспилотни летала над повеќе руски региони и над водите на Црното и Азовското Море. Дронови биле соборени над регионите Белгородска, Брјанска, Калушка, Курска, Орловска и Тулска област, како и над Московскиот регион, како и над акваторијални области. Дел од дроновите биле уништени и над Кримскиот Полуостров. Во меѓувреме, украинските власти соопштија дека во руски воздушни напади врз источната Харковска област загинале четири лица, а околу 15 се повредени. Регионалниот гувернер, Олех Синехубов, појасни дека во местото Чугуев биле убиени три жени на возраст од 22, 56 и 70 години и еден 56-годишен маж. Тој додаде дека 15 лица биле повредени во напади врз градот Харков. Според локалните украински власти, руските напади речиси секојдневно предизвикуваат жртви меѓу цивилното население, додека Украина возвраќа со напади врз цели на окупираните територии и на руска територија. Според податоците на Обединетите нации, од почетокот на воената операција на руската армија во Украина во февруари 2022 година заклучно со април годинава во земјате се убиени најмалку 15.850, а се ранети 44.800 цивили. Активностите за окончување на војната меѓу Украина и Русија со посредство на САД се во застој, бидејќи Вашингтон во моментов е фокусиран на решавање на својот конфликт со Иран. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, вчера изјави дека имал „позитивен“ разговор со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, при што ја поздравил нивната подготвеност во наредните недели да работат на изнаоѓање решение за војната во Украина.

Go to News Site