Collector
Giriş Yap
ИДФ нареди евакуација на жителите од либанскиот град Тир | Collector
ИДФ нареди евакуација на жителите од либанскиот град Тир

ИДФ нареди евакуација на жителите од либанскиот град Тир

Израелската армија (ИДФ) денеска нареди ги повика жителите од градот Тир, јужен Либан, да ги напуштат домовите. Предупредувањето се однесува и на жителите на христијанската четврт. На граѓаните им е наредено да се евакуираат северно од реката Захрани. - Престојувањето на жителите во близина на припадниците на Хезболах ги загрозува вашите животи. Секоја зграда што ја користи Хезболах за воени цели може да стане мета, објави портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае на платформата Икс . Евакуацијата е наредена еден ден откако Иран соопшти дека ги суспендира нападите врз Израел, но во исто време и се закани со „сериозен“ одговор ако ИДФ ги продолжи операциите во јужен Либан. Иран вчера лансираше низа проектили врз Израел. Тоа беше прв напад од примирјето постигнато во април. Израел возврати на иранските напади, тврдејќи дека гаѓач воени цели во западен и централен Иран. По меѓусебните напади, американскиот претседател Доналд Трамп ги повика двете страни веднаш да прекинат со огнот. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека прекинуваат нападите врз Иран, додавајќи оти ако Техеран погреши и повторно нападне, ќе добие силен одговор. (МИА)

Go to News Site