Kurir
Состојки: Половина кг зелена боранија 2 домати 1 голем кромид 4 лажици маслиново масло 1 лажица доматно пире мелена црвена пиперка, бибер, сол, сув зеленчук 2 чаши вода (400 мл) Подготовка: Пржете го кромидот во маслиново масло. Кога ќе стане стаклен, додадете ги исецканите домати (прво потопете ги во врела вода неколку минути, а потоа излупете ги под ладна вода). Додадете го доматното пире и варете на средна температура неколку минути, потоа додадете ја боранијата. Прелијте со водата и зачинете. Оставете да зоврие на висока температура, потоа намалете ја температурата и варете додека боранијата не омекне. Добар апетит!!
Go to News Site