Kurir
Ако биде се во ред очекувам во текот на следната година да имаме и почеток на активностите, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, а по најавите за изградба на нов Клинички центар во Скопје, на локацијата пред базенот „Борис Трајковски“. Премиерот посочи дека во моментов се фоскусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом со проширена дејност во Кичево и Клиничката болница во Тетово. -Во меѓувреме размислуваме за големиот Клинички центар во Скопје кој треба да се изгради. Ја разгледуваме локацијата пред базенот „Борис Трајковски“, бидејќи таа локација е на два булевари, пристап до гас, блиску до обиколницата. Ова значи дека може и од соседните држави да привлекуваме пациенти кои ќе ги користат услугите. Парцелата е приватна сопственост, преговараме со сопственикот, да видиме дали може да најдеме замена за таа парцела за да ја добие државата, а потоа со специјален закон да се смени намената на истата, појасни премиерот. Планот, додаде тој, е под булеварот Илинденска да се направи топол подземен премин. -Така ќе се поврзе со постоечката ГОБ „8 Септември“. Тука се наоѓа и ПЕТ Центарот и сето тоа е поврзано со поликлиниката Букурешт, еден целосно заокружен комплекс. Тоа е нашата амбиција, вели Мицкоски.
Go to News Site