Collector
Giriş Yap
5 годишно дете се затруло со лековите на баба му | Collector
5 годишно дете се затруло со лековите на баба му

5 годишно дете се затруло со лековите на баба му

На 08.06.2026 година во 18:40 часот, полициски службеници од ПС Гостивар извршиле разговор во Педијатриското одделение во Медицинскиот центар Гостивар, каде поради труење со лекови било донесено 5-годишно малолетно дете од село Чегране. -Мајката на детето, Н.А. (25), појаснила дека настанот се случил околу 17:00 часот додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо во нивната куќа, поради невнимание, детето дошло во допир со таблети кои биле оставени на лесно достапно место од страна на неговата баба и ги голтнало, по што се појавиле здравствени компликации, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Детето е затекнато во стабилна и контактибилна состојба, а по укажаната првична помош е префрлено на Детската клиника во Скопје за понатамошна нега и испитувања.

Go to News Site