Collector
Giriş Yap
САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна | Collector
САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна Филип Здравески 09.06.2026 / 11:42 Фудбал Омар Абдулкадир Артан, кој требаше да биде првиот Сомалиец што ќе суди на Светско првенство, е отстранет од списокот на службени лица откако му беше одбиен влез во Соединетите Држави. На Артан, најдобриот машки судија во Африка за 2025 година, му беше забранет влез во земјата по пристигнувањето на Меѓународниот аеродром во Мајами со лет од Истанбул иако имал валидна американска виза и веднаш бил ставен на наредниот лет за враќање вои Истанбул. Моментално е во Турција. Властите за имиграција на САД не дадоа никаква причина за репатријацијата на Артан, но Сомалија е една од неколкуте земји на списокот со забрана за патување воведен од администрацијата на претседателот Доналд Трамп. По разговорот со американските власти, светската управна организација ФИФА соопшти дека Артан ќе го пропушти турнирот. „ФИФА може да потврди дека судијата Омар Абдулкадир Артан нема да може да тренира и да суди на Светското првенство 2026 откако му беше одбиен влез во Соединетите Држави. ФИФА не е вклучена во процесите на имиграција на земјата домаќин, вклучително и во одлучувањето за визи, и властите ја информираа дека статусот на г-дин Артан во моментов нема да се промени. Во согласност со претходните настани на ФИФА, владата домаќин на крајот одредува кој ќе добие виза и кој ќе биде примен во нивната земја“, се вели во соопштението. Шефот на судиите, Пјерлуиџи Колина, во Мајами создаде центар за обука за 52 судии и 88 помошни судии на турнирот. Сите службени лица на теренот мора да останат во базата во Флорида за обука, подготовка и безбедност. Затоа, Артан не би можел да остане надвор од Соединетите Американски Држави и да суди само натпревари што се играат во Канада или Мексико. Висок советник во Министерството за млади и спорт на Сомалија го потврди одбивањето на влезот за BBC и рече дека Артан патувал со валидни документи. Службеник на сомалиската амбасада во Најроби, Кенија, изјави за BBC дека дипломатскиот пасош на Артан е издаден специјално за да се олесни неговото патување по претходните проблеми со визата. Во изјава за Reuters, Артан рече дека и покрај околностите, тој е во позитивно расположение и фокусиран на следниот предизвик. „Би сакал да им се заблагодарам на ФИФА и ЦАФ за целата нивна поддршка и ветувам дека ќе го одржувам моето ниво на судење високо додека се концентрирам на иднината. Сакам да им се заблагодарам на фудбалското семејство за нивните пораки и да им посакам на моите колеги сѐ најдобро за време на Светското првенство и со нетрпение очекувам повторно да им се придружам на идните натпреварувања“, рече тој. Сомалиската фудбалска федерација (СФФ) контактираше со ФИФА барајќи итно разјаснување. Во разговор за BBC World Service, Ендрју Џулиани, кој ја предводи работната група на Белата куќа за Светското првенство, рече: „Иако не можам да навлегувам во дерогативните информации за тоа, можам да ви кажам дека тоа беше правилна одлука од страна на царинската и граничната патрола и ја поддржувам таа одлука.“ Светското првенство се одржува од 11 јуни до 19 јули во Канада, САД и Мексико. Од судија во националните лиги на Сомалија, Артан стана судија на ФИФА во 2018 година и судеше на Африканскиот куп на нации и во африканската Лига на шампиони. Лани ЦАФ му го довери реваншот од ЛШ финалето помеѓу египетскиот Пирамидс и јужноафриканскиот Мамелоди Сандаунс. Судеше и на младинското Светско првенство 2025 во Чиле. Сомалиските власти за него велат дека е гордост на нацијата. СП 2026 судија ФИФА ЦАФ САД Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site