Collector
Giriş Yap
Лефков: Филипче е усогласен со Радев и бугарските власти | Collector
Лефков: Филипче е усогласен со Радев и бугарските власти

Лефков: Филипче е усогласен со Радев и бугарските власти

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес-конференција упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е целосно усогласен со ставовите на бугарскиот претседател Румен Радев и бугарските власти. „Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија“, изјави Лефков. Тој рече дека во период кога, како што наведе, во кулоарите на Европската Унија се разговара за пристапот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија, Филипче и Радев барале уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Според Лефков, таквиот пристап се прави „без никакви гаранции, без никаква заштита на националните интереси и без предвидливост на евроинтегративниот пат на Македонија кон ЕУ“. Тој го обвини СДСМ дека, и покрај, како што рече, „најлошиот рејтинг во историјата“, се обидува да направи „ново предавство“. „Филипче и СДС доколку се на власт, ќе потпишат дека Македонија е од 1945 година, а пред тоа сме биле Бугари“, рече Лефков. На крајот од прес-конференцијата, Лефков оцени дека СДСМ е во опозиција затоа што, како што наведе, „за власт, моќ, тендери и амнестија на криминалите, цела држава ќе ја продадат“. https://www.youtube.com/watch?v=M-gVfu2Y4QY

Go to News Site