Kurir
На 09.06.2026 во 00:05 часот на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.З.(64) од Тетово. -При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево сопреле патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и притоа констатирале дека против него има активна забрана на управување со моторно возило од Б категорија, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Go to News Site