Collector
Giriş Yap
Летен концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“: 29 бенда, 120 ученици и моќна рок програма на „We Will Rock You“ | Collector
Летен концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“: 29 бенда, 120 ученици и моќна рок програма на „We Will Rock You“

Летен концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“: 29 бенда, 120 ученици и моќна рок програма на „We Will Rock You“

На 7 јуни, во Паркот на Франкофонијата, се случи настан што долго ќе се памети. Музичкото училиште Ентерпрајз пред повеќе од 1000 посетители го одржа својот летен концерт „We Will Rock You” и со моќна рок програма ја заврши оваа учебна година. Концертот се состоеше од настап на 29 бендови составени од учениците на Ентерпрајз, при што секој бенд изведе по една песна. Вкупно настапија 120 ученици, а програмата беше составена од обработки на некои од најпознатите рок класици. Секоја нумера беше изведена од различен бенд – со нови гласови, нови лица и нова енергија кои на сцената звучеа и изгледаа како вистински професионалци. Вистинско освежување на концертот беа прекрасните најави на актерот Рубенс Муратовски, којшто помеѓу песните раскажуваше делови од светската Rock’n’Roll историја, притоа најавувајќи ја секоја следна композиција. Пред да започне концертот, задачата за загревање на публиката му припадна на DJ Amfor, кој со внимателно одбраниот репертоар, одлично се вклопи во целосниот концепт на настанот. Тремата не постоеше како фактор за овие добро подготвени млади музичари, а многубројната публика со овации ја даде својата несебична поддршка за овие млади ѕвезди. Големата бина на Паркот на Франкофонијата, силното озвучување, прекрасното осветлување и поддршката од големите видео бимови, придонесоа сево ова да се претвори во вистински музички спектакл. Беше навистина прекрасно доживување да се слушне со каква леснотија овие дечиња и млади луѓе се носеа со комплексните вокали и рифови на кои знаат да се сопнат и повозрасни и поискусни музичари. Но, тоа што на сцена изгледаше лесно и природно е резултат на месеци вежбање, меѓусебна поддршка и посветена работа на целиот тим на Ентерпрајз. Овој безмалку тричасовен концерт со кој се одбележа јубилејот 50 години Општина Центар, беше дел од Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, во чија рамка Ентерпрајз доби можност да ги претстави своите ученици пред широката јавност. И секако – огромна благодарност до прекрасната многубројна публика која дојде, остана и аплаудираше до крај. Ве сакаме и ве чекаме на нашиот следен концерт!

Go to News Site