Collector
Giriş Yap
Бразилец ќе суди на отворањето на Светското првенство | Collector
Бразилец ќе суди на отворањето на Светското првенство

Бразилец ќе суди на отворањето на Светското првенство

Бразилецот Вилтон Сампајо е назначен од ФИФА да го суди првиот натпревар од Светското првенство, кој ќе се игра в четврток. Во Мексико Сити ќе се соочат кодомаќинот на Мундијалот Мексико и Јужна Африка. Колумбиецот Николас Гало ќе биде ВАР судија. Вилтон има 44 години, тој е на листата на ФИФА од 2013 година. Тој беше ВАР судија на Светското првенство во 2018 година, а судеше на Арапскиот куп во 2021 година и на Светското првенство во Катар во 2022 година. ФИФА назначи и судии за следните три натпревари. Така, натпреварот помеѓу Јужна Кореја и Чешка ќе го суди Египќанецот Амин Мохамед, а неговиот сонародник Махмуд Ашур ќе биде ВАР. Натпреварот помеѓу Канада и Босна и Херцеговина ќе го суди Аргентинецот Факундо Тељо, а неговиот сонародник Ернан Мастранџело ќе биде ВАР. Мечот САД – Парагвај ќе го „води“ Холанѓанецот Дани Макели, а Шпанецот Карлос дел Серо Гранде ќе биде во ВАР собата.

Go to News Site