Kurir
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, е избран за претставник на ЗЕЛС во АРЛЕМ – Евро-медитеранското регионално и локално собрание, кое ги обединува локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и медитеранскиот регион. АРЛЕМ функционира во рамки на Комитетот на регионите на Европската Унија и претставува значајна платформа за дијалог, соработка и размена на искуства меѓу локалните власти. Во рамки на своите активности како претставник во ова тело, градоначалникот Георгиевски присуствуваше на 12. состанок на АРЛЕМ, што се одржа во Брисел. На состанокот беа разгледани актуелни теми поврзани со локалниот и регионалниот развој, одржливите политики, економската соработка и зајакнувањето на улогата на локалните самоуправи во евро-медитеранскиот простор. Изборот на градоначалникот Георгиевски претставува значајно признание за неговата посветеност во унапредувањето на локалната самоуправа и отвора нови можности за Општина Илинден за вклучување во европски и меѓународни иницијативи, размена на искуства и воспоставување партнерства со општини и региони од поширокото евро-медитеранско подрачје. Со активно учество во вакви меѓународни мрежи, Општина Илинден продолжува да го зацврстува својот углед како современа, развиена и европска општина насочена кон создавање подобри услови и нови перспективи за своите граѓани.
Go to News Site