Kajgana
Додека земјата му гори, Рама го обвинува Иран и објавува бизарни AI видеа Филип Здравески 09.06.2026 / 12:37 Регион Албанскиот премиер Еди Рама се најде во центарот на невидена политичка криза. Додека масовните протести се ширеа низ Албанија и во западните градови поради контроверзниот туристички проект вреден 1,4 милијарди долари, Рама одлучи да го обвини Иран за немирите. Протестите, кои влегоа во својот деветти ден, се наречени Фламинго револуција поради живеалиштето на птиците на локацијата наменета за изградба. Сè започна кон крајот на април кога беше ограден дел од брегот во Зврнец, во близина на Валона, кој, заедно со островот Сазан, треба да стане луксузно одморалиште. Проектот е поддржан од Affinity Partners, инвестициската фирма на Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп. Граѓаните се бесни што вредно земјиште се дава на странски инвеститори без никакви јавни консултации или студии за влијанието врз животната средина. Европската комисија, исто така, реагираше на промените во законот за заштитени подрачја, предупредувајќи ја Албанија дека ваквите потези сериозно го загрозуваат нејзиниот пат кон Европската Унија, додека обвинителите за корупција отворија истрага за сопственоста на земјиштето. „Тоа е хибридна војна на Иран“ Наместо да ги смирува тензиите со демонстрантите кои секоја вечер го блокираат главниот булевар во Тирана барајќи негова оставка, Еди Рама во интервју за Politico изјави дека Иран е вклучен во „хибридна војна“ и ширење дезинформации за проектот на компанијата Кушнер. Во жестока јавна изјава, Рама директно се обрати до Техеран, потсетувајќи на претходните сајбер напади врз Албанија. „Дали одеднаш ви е грижа за албанскиот народ? Истите луѓе чии институции и дигитална инфраструктура се обидовте да ги осакатите со сајбертероризам? Не можете да ѝ простите на Албанија за она што го прават Албанците: ги отвораат своите врати за луѓето што бегаат од прогон“, рече Рама, алудирајќи на иранските дисиденти на кои им беше дадено засолниште во Тирана. Албанскиот премиер ги нарече иранските власти „средновековна теократија“, велејќи им дека историјата нема милост кон оние што водат војна против слободата на сопствениот народ. „Можете да хакирате мрежи, да затворате критичари и да им се заканувате на вашите соседи, но не можете да избегате од реалноста. Албанија никогаш нема да се повлече и никогаш нема да биде заплашена.“. „Никогаш нема да успеете да ги направите Албанците непријатели на луѓето - без разлика дали се Евреи, Арапи или Американци“, додаде тој. Oh, really? So now you suddenly care about the Albanian people? The same Albanian people whose institutions, public services and digital infrastructure were the target of a cyberterror campaign that aimed to cripple an entire country, and which international investigations have… pic.twitter.com/7kvvf4wojv — Edi Rama (@ediramaal) June 8, 2026 Техеран се потсмева: „Можеби и фламингата се ирански агенти“ Одговорот од Техеран беше брз. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, ја нарече изјавата на Рама „целосна бесмислица“. „Наместо да одговорат на легитимните и логични барања на сопствениот народ, албанските власти претпочитаат да се обидат да го затворат прашањето со такви смешни обвинувања против Иран. Албанците се премногу паметни за да веруваат во такви тврдења“, рече Багаи. Потоа цинично се осврна на самото име на протестот, Фламинго револуцијата. „Веројатно наскоро ќе кажат дека овие фламинга се всушност ирански тајни агенти“, се пошегува Багаи, додавајќи дека Рама веројатно само се обидува да освои поени кај Израел со такви обвинувања. Кожа, мини здолништа и игнорирање на реалноста Додека демонстрантите продолжуваат да бараат итно откажување на проектот и укинување на контроверзните закони, Рама се чини целосно незаинтересиран, дури и провокативен. Во средината на најголемите протести во земјата, премиерот сподели неколку „омилени“ транспаренти од протестите на своите социјални мрежи, а потоа ја шокираше јавноста објавувајќи видео генерирано од вештачка интелигенција. Видеото го прикажува Рама во кожно мини здолниште и маица, играјќи улога на инфлуенсер кој известува директно од протестите. „Кој и да го направил ова, пофалби за него“, напиша Рама во описот на видеото, придружено со емотикони кои плачат од смеа. View this post on Instagram A post shared by Albanian AI (@albanian_ai_) Еди Рама Албанија Иран Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site