Collector
Giriş Yap
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е усогласен со Радев и ги шири бугарските политики во Македонија | Collector
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е усогласен со Радев и ги шири бугарските политики во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е усогласен со Радев и ги шири бугарските политики во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е усогласен со Радев и ги шири бугарските политики во Македонија Филип Здравески 09.06.2026 / 12:58 Македонија Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е целосно усогласен со ставовите на бугарските власти. Remote video URL „Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија“, рече Лефков. Посочи дека додека во Европската Унија се разговара за пристапувањето на земјите од Западен Балкан и за Планот за раст, Филипче и бугарскиот претседател Румен Радев, според него, бараат уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Лефков оцени дека таквиот пристап не нуди гаранции за заштита на националните интереси и не обезбедува предвидлив евроинтегративен пат за државата. Обвини дека Филипче и СДСМ доколку се на власт, ќе потпишат дека Македонија е од 1945 година, а пред тоа сме биле Бугари. ВМРО-ДПМНЕ Венко Филипче Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site