Kurir
Една година љубов кон традицијата, македонската песна и незаборавните дружби – „Македонско село“ на 17 јуни го слави својот прв роденден со голема музичка прослава што ветува вечер за паметење. Во амбиент каде секој камен, секоја коцка од калдрмата и секоја куќа раскажуваат приказна за македонскиот дух, посетителите ќе имаат можност да уживаат во вистински музички спектакл со некои од омилените имиња на домашната сцена – Дац и Митевски, Ѓоко Танески, Александар Тарабунов, Росана сариќ – Тодоровска,, Маја Гроздановска-Панчева и Билјана Ѓошева. Под отворено небо, во автентичниот амбиент на „Македонско село“, гостите ги очекува вечер исполнета со најубавите македонски евергрини, добра енергија, многу емоции и атмосфера што обединува генерации. Ова нема да биде само роденденска прослава, туку вистинско славење на македонската музика, традицијата и заедништвото. Комплексот, изграден во духот на автентичната македонска архитектура и овојпат ќе понуди препознатливо гастрономско доживување со традиционални специјалитети и вкусови што совршено се вклопуваат со музиката и атмосферата на вечерта. Кога на едно место ќе се спојат добрата песна, природата, традицијата и луѓето со широка насмевка, се создаваат моменти што долго се паметат и забави за кои долго се зборува. Затоа не дозволувајте другите да ви раскажуваат, запаметете го 17 јуни – датумот е резервиран за големата роденденска прослава во „Македонско село“. Резервации и дополнителни информации на телефон 071 357 744.
Go to News Site