Collector
Giriş Yap
Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија | Collector
Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија

Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија

Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија Филип Здравески 09.06.2026 / 13:47 Свет Апелациониот суд во Москва денеска ја потврди казната затвор од 8 и пол години што му беше изречена на германскиот сатиричар, скулптор и илустратор Жак Тили за неговиот карневалски плотун. Судијата Владимир Усов ја прочита одлуката на тричлениот судски совет, наведувајќи дека жалбата на одбраната против пресудата е одбиена и казната е потврдена. Во април, московскиот суд го прогласи познатиот уметник Тили за виновен во отсуство за навреда на религиозните чувства и ширење лажни информации за руските вооружени сили преку неговите настапи на традиционалните карневалски паради во неговиот роден град Диселдорф. Тили постојано го исмејуваше рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина, како и рускиот православен патријарх Кирил. Јавната адвокатка Наталија Дудкина изјави дека случајот сега е затворен, освен ако скулпторот не побара случајот да биде упатен до повисок суд. „Со тоа случајот е завршен“, рече Тили како одговор на прашање од новинската агенција DPA во Диселдорф. „Не гледам причина да се продолжува овој апсурден процес. Пресудата е секако фарса. Таа нема да влијае на нашата сатирична работа за време на карневалот. Ќе продолжиме како и досега“, рече тој. Владимир Путин Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site