Collector
Giriş Yap
На плоштад „Македонија“ се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари | Collector
На плоштад „Македонија“ се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари

На плоштад „Македонија“ се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари

На плоштад „Македонија“ денеска се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари, во организација на ЈП „Национални шуми“ во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Петар Плотников, претседател на Противпожарниот сојуз во изјава за МИА нагласи дека кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари е зголемен. Главната цел, како што потенцира, е подигнување на јавната свест и унапредување на противпожарната култура кај граѓаните од сите возрасни групи. -Денешниот настан е централен. Во исто време одржуваме настани во Гостивар, во Струга, во Кичево, во Гевгелија, во Ваналдово, Куманово, Кратово, Виница и на други градови. Ова е почеток на кмашања за летен период. Потоа следуваат две до три последователни кампањи во оние општини каде што има најголема фреквенција на граѓани кои користат излети. И кампањи ќе с еодржуваат и во други градови, особено во оние општини каде има рурален дел - зеленило и шуми. Мора да има што повеќе кампањи да се реализираат заради спречување на пожарите по шумите. Целта на кампањата е да не се палат огнови каде што е најопасно и потенцијално за настанување на пожари, рече Плотников. Потенцира дека фокусот на кампањата ќе биде ставен на заштитата на шумите и зелените површини во Скопје, вклучително и парк-шумите, парковите и туристичко-излетничките места во околината, како и спречување на пожари што можат да предизвикаат материјални штети. Во рамки на кампањата ќе се делат едукативни флаери и постери, а во реализацијата ќе бидат вклучени и ученици од основните училишта во Скопје, кои ќе помогнат во информирањето на јавноста за превентивните мерки против пожари. (МИА)

Go to News Site