Collector
Giriş Yap
Израелскиот амбасадор во ОН побара укинување на наредбата за апсење на МКС за Нетанјаху | Collector
Израелскиот амбасадор во ОН побара укинување на наредбата за апсење на МКС за Нетанјаху

Израелскиот амбасадор во ОН побара укинување на наредбата за апсење на МКС за Нетанјаху

Амбасадорот на Израел во Обединетите нации денеска побара да се укине меѓународната нарењба за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху откако главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) ден претходно беше суспендиран. Суспензијата на Карим Кан „докажува дека оваа институција е скапана до срж“, напиша денеска  амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон, на платформата на Икс. „Сега е време да се откажат апсурдните обвиненија против премиерот Нетанјаху“, додаде тој. Суспензијата на Кан беше поради сомневање за сексуално вознемирување кон колешка. Британскиот обвинител има намера да се врати на должноста откако ќе се реши прашањето и ги негира сите обвинувања изнесени против него. Како главен обвинител од 2021 година, Кан во 2024 година издаде налог за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со војната во Појасот Газа. Поради своите постапки во двегодишната војна во крајбрежната енклава, за време на која беа убиени десетици илјади луѓе, Израел постојано е обвинуван за воени злосторства, а во некои случаи и за геноцид. Израелската влада постојано ги отфрла обвинувањата, а војната ја опишува како дел од поширокиот конфликт со Иран и неговите сојузници во регионот, кои сакаат да ја уништат еврејската држава. Првенствено поради налогот за апсење на Нетанјаху, САД го зголемија притисокот врз судот и воведоа санкции врз неговиот персонал и судии. Произраелскиот адвокат Арсен Островски во објава на Икс напиша дека суспензијата на Кан „покренува дополнителни длабоки прашања за интегритетот на неговиот мандат, (вклучувајќи) неговата одмазда против Израел и неоснованите обвинувања за воени злосторства што ги изнесе, кои сега мора веднаш да се отфрлат!“. Вкупно 125 земји го потпишаа основачкиот договор на судот, вклучувајќи ги сите земји-членки на ЕУ. САД, Русија и Израел не се членки на судот задолжени за истрага и гонење на осомничени лица . (МИА)

Go to News Site