Kajgana
Преседан на ИХФ: Мундијалска вајлд карта за Турција и Саудиска Арабија Филип Здравески 09.06.2026 / 14:37 Ракомет Во конкуренција на Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми што никому не му се јасни, да им додели посебни покани за настап на Светското првенство во Германија следната година на Турција и Саудиска Арабија. Ракометот во овие земји ниту се шири, ниту има тенденција да расте, но сепак челниците на ИХФ, на состанокот во Базел, предводен од „доживотниот“ претседател на ИХФ, Хасан Мустафа, човек кој влезе во деветтата деценија од животот, ја донесе оваа контроверзна одлука. Особено е изненадувачки што ја нема Унгарија, репрезентација која на последните две Светски првенства играше во четвртфиналето. Унгарија во баражот беше елиминирана од Србија. Жрепката за Светското првенство ќе се одржи в среда во Минхен, а репрезентацијата на Македонија противниците ќе ги чека од вториот шешир. The wild card entries for the 2027 IHF Men's World Championship go to Türkiye and Saudi Arabia ⚡ The full line-up has arrived #Germany2027 #wherehandballisalive https://t.co/DPWoosRZYm pic.twitter.com/kamYnEzB5y — International Handball Federation (@ihfhandball) June 9, 2026 Првенството се игра стандардно во јануари следната година, а Данска ја брани титулата како четирикратен последователен светски шампион. Првенството во Германија е и квалификациско за Олимписките игри во Лос Анџелес. Македонија треба да забележи пласман до деветтото место за да избори место во квалификациите за најголемото спортско натпреварување во светот. Секој барабан има по 8 репрезентации кои ќе бидат поделени во 8 групи, секоја со по 4 репрезентации. Европските репрезентации од првиот барабан, како и две од вториот се веќе одредени во кои групи ќе се натпреваруваат. Барабан 1 Данска (Г) Германија (А) Хрватска (Ц) Исланд (Х) Португалија (Ф) Шведска (Е) Египет Аргентина Барабан 2 Франција (Д) Словенија Норвешка Србија Шпанија Италија (Б) Фарски Острови Македонија Барабан 3 Грција Полска Бразил Бахреин Тунис Зелен 'Рт Чиле САД Барабан 4 Катар Кувајт Јапонија Алжир Ангола Уругвај Турција Саудиска Арабија Светското првенство 2027 ќе се игра од 13 до 31 јануари во 6 градови низ Германија, и тоа: Келн, Минхен, Кил, Хановер, Магдебург и Штутгарт. Дебитант е само репрезентацијата на Фарски Острови. ИХФ СП 2027 Турција Саудиска Арабија Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site