Kurir
На 08.06.2026 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.К.(29) и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната М.Т., двајцата од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Go to News Site