Collector
Giriş Yap
Единствената фотографија од Мелина Џиновиќ во нејзината прва венчаница: Ова е фустанот во кој официјално стана сопруга на милионер | Collector
Единствената фотографија од Мелина Џиновиќ во нејзината прва венчаница: Ова е фустанот во кој официјално стана сопруга на милионер

Единствената фотографија од Мелина Џиновиќ во нејзината прва венчаница: Ова е фустанот во кој официјално стана сопруга на милионер

Помина месец и половина откако Мелина Галиќ екс сопругата на пејачот Харис Џиновиќ, се омажи за британскиот милијардер Џефри Пол Арнолд, а за нивната свадба сè уште се зборува. Како што претходно објавија тамошните медиуми, дизајнерката сменила четири венчаници, а на папарацо фотографиите можевме да видиме, барем од далеку, како изгледаше Мелина на нејзиниот голем ден. Да потсетиме дека Мелина прво го кажа своето судбоносно „да“ во Монако, а потоа прославата продолжи во Италија. Иако деталите од раскошната прослава сè уште се чуваат во тајност, сега, благодарение на шминкерката која беше задолжена за изгледот на дизајнерката, познато е и како изгледаше нејзината прва венчаница - онаа во која официјално стана „госпоѓа Арнолд“. View this post on Instagram A post shared by Angela Bosnjakovic Makeup (@angela_bosnjakovic_makeup) Станува збор за тесен сатенски фустан со отворен грб и интересен дизајн, а Мелина носеше едноставни, но ефективни дијамантски обетки и висока опашка собрана во пунџа. Познато е дека Мелина се стреми кон елегантни комбинации, па затоа не е изненадувачки што избра безвременски креации за својот голем ден.

Go to News Site