Collector
Giriş Yap
Двајца повредени во сообраќајка во Свети Николе | Collector
Двајца повредени во сообраќајка во Свети Николе

Двајца повредени во сообраќајка во Свети Николе

На 08.06.2026 во 10:45 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на крстосница од ул.„Крсте Мисирков“ и ул.„Кочо Рацин“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(41) од Свети Николе и патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.А.(47) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево. Во несреќата со тешки телесни повреди од возилото „шкода“ се здобила 68-годишна сопатничка М.М., а со телесни повреди се здобил другиот сопатник Д.М.(67), двајцата од Свети Николе, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Go to News Site