Collector
Giriş Yap
ЕБОЛАТА КОСИ ВО КОНГО: Починаа над 100 лица! | Collector
ЕБОЛАТА КОСИ ВО КОНГО: Починаа над 100 лица!

ЕБОЛАТА КОСИ ВО КОНГО: Починаа над 100 лица!

Повеќе од 100 лица починале од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК) откако на 15 мај беше прогласена епидемија, соопштија денеска тамошните власти, пренесуваат американските медиуми. Според најновиот извештај, потврдени се 550 случаи на заболени од ебола, при што 101 лице го загубило животот, а 19 пациенти успешно закрепнале. Епидемијата најсилно ја погоди покраината Итури, каде што се регистрирани повеќе од 90 проценти од вкупниот број случаи. Болеста веќе се проширила и во покраините Северен Киву и Јужен Киву, а регистрирани се случаи и преку границата во соседна Уганда. Станува збор за ретка форма на вирусот Бундибугио, за која засега не постои одобрена вакцина или специфичен третман, за разлика од познатиот заирски сој на ебола. Експертите предупредуваат дека реалниот број на заразени најверојатно е поголем, бидејќи епидемијата била откриена со задоцнување, а напорите за нејзино сузбивање се соочуваат со сериозни пречки. Незадоволни локални жители во повеќе наврати нападнале здравствени работници, додека вооружените судири со бунтовнички групи го ограничуваат пристапот до одредени области и ја отежнуваат контролата на заразата. „Конфликтите го ограничуваат пристапот, го попречуваат надзорот и го зголемуваат ризикот од неоткриено ширење на болеста“, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). Здравствените работници на терен работат во исклучително тешки услови, со ниски плати и без доволен одмор, а честите напади врз нив дополнително ја усложнуваат борбата против епидемијата во регион кој со години е зафатен од насилства и вооружени конфликти.

Go to News Site