Collector
Giriş Yap
Instagram конечно им дозволува на корисниците да го менуваат редоследот на објавите | Collector
Instagram конечно им дозволува на корисниците да го менуваат редоследот на објавите

Instagram конечно им дозволува на корисниците да го менуваат редоследот на објавите

Instagram конечно им дозволува на корисниците да го менуваат редоследот на објавите Филип Здравески 09.06.2026 / 15:15 Софтвер Функцијата што извршниот директор на Instagram, Адам Мосери, ја најави минатата година, конечно е достапна за корисниците на оваа социјална мрежа. Instagram го олесни постигнувањето на посакуваниот дизајн и естетика на мрежата. Апликацијата во сопственост на Metа конечно ја воведе можноста за преуредување на гридот (мрежата), речиси една година откако шефот на Instagram, Адам Мосери, го објави пристигнувањето на функцијата. Според USA Today, корисниците ширум светот можат да ги преместуваат објавите без оглед на тоа кога се создадени. „Знаеме дека ова требаше да се направи одамна, но сакавме да одвоиме време да го корегираме“, рече Мета. Можноста за преуредување на распоредот на објавите останува една од најбараните функции во апликацијата, а Metа планираше да ја воведе долго пред Мосери да го објави нејзиното пристигнување минатата година. Алесандро Палуци, познат по апликациите за обратен инженеринг и пронаоѓањето ненајавени алатки, ја откри опцијата „уреди мрежа“ во апликацијата Instagram уште во 2022 година. Ако сте уморни од гледање на вашите објави по хронолошки редослед и сакате да ги преместувате работите, едноставно одете на вашиот профил и долго притиснете на која било објава. Покрај опциите Pin to main grid и Archive, сега ќе ја видите и опцијата Reorder grid. Допрете ја за да се префрлите на друг прозорец, каде што можете да ги преместувате објавите за да ја преуредите содржината сè додека вашиот профил не изгледа точно онака како што сакате. Имајте на ум дека секоја објава што ќе ја закачите ќе остане на врвот од вашиот профил и ќе биде затемнета во прозорецот Reorder grid. Instagram Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site