Kajgana
Почнува караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ на Култура Бета Александра Спасеска 09.06.2026 / 15:44 Култура Утревечер во барот „Љубов“ со почеток во 20 часот започнува караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. Настанот се случува во рамки на програмата на Скопје прајд викенд. Караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ е серија настани низ шест градови во земјава (Скопје, Куманово, Битола, Охрид, Тетово и Штип) фокусиран на промоција на новите броеви од списанието за општа култура „Тригер“ кое го издава „Култура Бета“. Во секој град, покрај промоција на списанието ќе се случуваат и други културни настани како промоции на книги, изложби, проекции на филмови, музички настани и сл. Првиот настан којшто ќе се случи утре во 20 часот во барот „Љубов“, а кој е во коорганизација со фестивалот Скопје прајд викенд опфаќа промоции на вториот број од списанието „Тригер“, изборот од современата македонска поезија „Згужвани граници“, поетско читање на застапените автори во изборот и диџеј сет на ЕлектраБлосом. Настанот ќе го модерира Андреј Медиќ Лазаревски, а промоторката Ивана Јовановска во разговор со Марија Велинова и Стефан Спасовски ќе ги упати присутните во значењето на списанието „Тригер“, како и изборот „Згужвани граници“. Караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Проектот „Култура за развој“ го поддржува независниот културен сектор во Република Северна Македонија, користејќи ја културата и уметностите за поттикнување критичко размислување за општествените прашања важни за локалните заедници. Целта е да се стимулира поотворено и демократско општество преку јакнење на социјалната кохезија, демократските процеси и општествениот дијалог, како и преку охрабрување на соработката меѓу културните институции. Проектот „Култура за развој“ е поддржан одВладата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година. Култура Бета Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site