Collector
Giriş Yap
Идеја за посен ручек: Мусака од тиквички | Collector
Идеја за посен ручек: Мусака од тиквички

Идеја за посен ручек: Мусака од тиквички

Идеја за посен ручек: Мусака од тиквички Филип Здравески 09.06.2026 / 15:55 Рецепти Ако сакате нешто посно за ручек, но во исто време лесно и заситувачко, дефинитивно ќе ви се допадне оваа мусака од тиквички. Без месо, без јајца и без млеко, а сепак многу вкусна и сочна. Филот од морков ѝ дава посебен сладок шмек, па дури и љубителите на месо со задоволство ќе ја изберат повторно за оброк. Ако сакате мусаката да биде „пополна“, додадете сварена леќа во филот, тоа ќе ѝ дава одличен вкус, но и повеќе протеини. Потребни состојки: 2-3 средни тиквички 2 главици кромид 2-3 чешниња лук 2-3 компири 2 домата или 200 мл доматно пире 100 мл маслиново масло сол бибер зачин од сушени билки малку црвена пипер магдонос 3 моркови Подготовка: Измијте ги тиквичките и исечете ги на тркалца. Посолете ги и оставете ги 10–15 минути да пуштат вода, а потоа исцедете ги. Излупете ги компирите и исечете ги на тенки тркалца. Пржете го сечканиот кромид во малку масло, додадете го лукот и ренданиот морков. Додадете ги доматите (или доматното пире), зачинете со сол, бибер и пипер. Кратко гответе за да се соедини. Во тава намастена со масло наредете еден ред тиквички, еден ред фил и еден ред компири. Повторувајте додека не ви снема состојки. Последниот слој треба да биде тиквички и малку домати одозгора. Печете во рерна на 180-200°C околу 35-45 минути, додека не добие убава златна боја и додека зеленчукот не омекне. посно јадење рецепт мусака Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site