Kurir
Фудбалската федерација на Иран (ФФИ) соопшти дека предвидениот број влезници за нивните натпревари на СП 2026 се повлечени и од таа причина голем број навивачи на оваа репрезентација и покрај тоа што имаат организирано патување нема да можат да ги следат натпреварите. Во соопштението ФФИ истакнува дека бројни навивачи имаат резервации за карти за пат и резервации за сместување, но ќе останат без влезници за натпреварите. „На помлаку од три дена до почетокот на Светското првенство САД направија чекори за да спречат присуство на ирански навивачи на стадионите на кои ќе игра репрезентацијата во групната фаза“ се вели во соопштението. Според ФФИ таквата одлука е спротивно на основните принципи на меѓународните спортски натпревари. За сега не е познато дали ФИФА или организаторот на шампионатот како ќе реагираат, ниту пак дали постои можност одлуката да биде сменета.
Go to News Site