Kurir
Јавна расправа во Собранието за Предлог-законот за парнична постапка – еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството. На расправата учествуваа експерти од областа на граѓанското процесно право, универзитетски професори, судии, адвокати, претставници на правосудните институции, стручната јавност и граѓанскиот сектор, кои ги споделија своите мислења, предлози и забелешки за предложените законски решенија. Во текот на дискусијата, голем број експерти, професори, судии и адвокати ја истакнаа важноста на предложените решенија и позитивно го оценија Предлог-законот како значаен исчекор кон поефикасен и помодерен систем на граѓанска правда. Предлог-законот носи современи решенија насочени кон модернизација на судските постапки, поголема ефикасност на судовите и зајакнување на правната сигурност на граѓаните. - Поефикасно и поквалитетно водење на судските постапки - Поголема улога на судот во утврдувањето на фактичката состојба - Целосна дигитализација преку електронска достава и можност за одржување расправи по електронски пат - Забрзување на постапките во споровите од мала вредност - Попропорционални и пофер глоби во постапките - Воведување претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права Предложените решенија се усогласени со повеќе системски закони и претставуваат важен чекор кон создавање модерен, функционален и ефикасен правосуден систем. Министерството за правда останува посветено на инклузивен и транспарентен реформски процес, во кој стручната дебата и придонесот на експертската јавност се од суштинско значење за донесување квалитетни законски решенија.
Go to News Site