Kajgana
Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната Александра Спасеска 09.06.2026 / 16:33 Македонија Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело „бесправно градење“. Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од март до август. Во однос на обвинението за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, жалбата на Јакимовски е прифатена и предметот е вратен на повторно судење. Судот посочи дека делото се однесува на периодот од 2011 до 2017 година и дека постои можност случајот да застари во текот на 2027 година. Стевчо Јакимовски Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On
Go to News Site