Collector
Giriş Yap
Мартин Томовски во тимот на сезоната во 2. Бундеслига! | Collector
Мартин Томовски во тимот на сезоната во 2. Бундеслига!

Мартин Томовски во тимот на сезоната во 2. Бундеслига!

Македонскиот голман Мартин Томовски доби големо признание и се најде во тимот на сезоната во втората ракометна Бундес лига. Томовски блескаше на голот на Битигхајм и беше еден од клучните играчи во освојувањето на второто место на табелата кое донесе и враќање во најдобрата ракометна лига во светот, Бундеслигата. Репрезентативецот оваа сезона бранеше на 31 натпревар во 2. Бундеслига, а забележа вкупно 273 одбрани, со ефикасност од 31% на одбранети шутеви на ривалите.

Go to News Site