Collector
Giriş Yap
Гутереш повика на прекин на насилството на Блискиот Исток и отворање на премините кон Газа | Collector
Гутереш повика на прекин на насилството на Блискиот Исток и отворање на премините кон Газа

Гутереш повика на прекин на насилството на Блискиот Исток и отворање на премините кон Газа

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека е „длабоко загрижен“ поради новата ескалација на насилството на Блискиот Исток и го повика Израел повторно да ги отвори граничните премини кон Појасот Газа. „Сите напади мора веднаш да запрат. Примирјата во Либан, Иран и Газа мора целосно да се почитуваат“, порача Гутереш во објава на социјалната мрежа Икс. Во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот, Израел изврши напади врз цели во Иран, првпат по стапувањето во сила на примирјето во април. Ова уследи откако Иран лансираше ракети кон Израел, наведувајќи дека станува збор за одговор на израелските напади врз либанската престолнина. Неколку часа подоцна, Израел и Иран соопштија дека ја прекинуваат размената на удари, кратко по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на нападите, иако двете страни оставија можност за обновување на конфликтот. Најдиректната конфронтација меѓу Израел и Иран од април наваму се закани да ги поткопа напорите на Вашингтон за постигнување договор со Техеран за прекин на војната што трае повеќе од три месеци. Гутереш оцени и дека Израел мора повторно да ги отвори граничните премини кон Газа, кои беа затворени, за да се овозможи непречен доток на хуманитарна помош. -Исто така, длабоко сум загрижен од одлуката на Израел да ги затвори граничните премини кон Газа и повторно повикувам тие веднаш да бидат отворени за да се обезбеди брз, безбеден и непречен влез на хуманитарна помош во голем обем на целата територија на Газа, изјави тој. Примирјето меѓу Израел и Хамас, постигнато со посредство на САД, е во сила од октомври 2025 година и вклучува гаранции за зголемување на хуманитарната помош. Израел и Хамас во повеќе наврати меѓусебно се обвинуваа за прекршување на примирјето. Според здравствените власти во Газа, во израелските напади од почетокот на примирјето загинале повеќе од 950 лица, додека Израел тврди дека во истиот период четворица негови војници биле убиени од вооружени групи.

Go to News Site