Collector
Giriş Yap
Зошто Идрис Елба би одбил да го игра Џејмс Бонд? | Collector
Зошто Идрис Елба би одбил да го игра Џејмс Бонд?

Зошто Идрис Елба би одбил да го игра Џејмс Бонд?

Зошто Идрис Елба би одбил да го игра Џејмс Бонд? Александра Спасеска 09.06.2026 / 19:28 Филм & ТВ Британскиот актер Идрис Елба изјави дека Џејмс Бонд не треба да стане woke и дека дел од публиката не би прифатила актер од афроамериканско потекло во улогата на познатиот агент 007. Елба, кој претходно изјави дека никогаш не бил „во трка“ за улогата на познатиот шпион и покрај годините гласини, за GQ изјави дека самата идеја да биде поврзан со улогата е сепак ласкава. Тој изјави дека Бонд е напишан на начинот на кој е напишан со причина, но додаде дека му е комплимент што го поврзуваат со улогата. „Реално, некои пазари едноставно не го прифаќаат тоа. Бонд е популарен низ целиот свет. И не секоја публика ќе прифати Африканец да го игра Бонд. Тоа не е она што им се допаѓа во нивната култура. Бонд е толку нереален, па затоа е добра навестувањето за реалност, но да не се обидуваме да го направиме дел од woke културата. Мислам дека мора да бидете начисто што претставува: ескапизам. Не обидувајте се да го задоволите вкусот на целиот свет. Само бидете Бонд“, рече тој. Masters of the Universe, во кој Елба го игра Man-at-Arms, моментално е во кината. За време на интервјуто, тој се пошегува за новата улога, односно лик од анимиран филм од 1980-тите со црвени мустаќи на кој воопшто не личи. „Станува збор за преиспитување на актерите. Бев малку свесен за тоа, но потоа помислив: 'Што зборуваш?! Man-at-Arms може да биде со која било боја! Има зелени нозе, аман!'“, раскажа тој. Потрагата по следниот агент 007 официјално започна минатиот месец, по години исчекување и шпекулации за тоа кој ќе го преземе местото од Даниел Крег. Аудициите се одржуваат во последните недели, според Variety означувајќи го почетокот на крајот на долгото чекање за новиот Џејмс Бонд. „Иако не планираме да коментираме специфични детали за време на процесот на кастинг, возбудени сме што ќе споделиме повеќе вести со фановите на 007 штом дојде време“, соопшти Amazon. Поминаа пет години од објавувањето на продолжението на No Time to Die, последниот филм на Даниел Крег како познатиот агент. Студиото претходно објави дека Денис Вилнев, познат по Dune, ќе го режира следниот филм, додека Стивен Најт, креаторот на серијата Peaky Blinders, ќе го напише сценариото. Variety објави дека Нина Голд, една од водечките директорки за кастинг во Холивуд, која работела на франшизите Paddington, Star Wars, Jurassic Park и Mamma Mia!, е избрана да го бара новиот главен актер. Калум Тарнер, Хенри Кавил и Арон Тејлор-Џонсон се меѓу можните кандидати. Идрис Елба Џејмс Бонд Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site