Kurir
Утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за изолирано невреме со појава на град. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на следните денови времето ќе биде променливо. Утре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, додека попладне повторно се очекува локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток попладне и петок се очекува поинтензивна нестабилност со пообилни врнежи, грмежи и услови за невреме со појава на град, при што температурите ќе бележат пад за неколку степени. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.
Go to News Site