Collector
  • X (Twitter)
Giriş Yap
Мицкоски: Ова не се нови барања од Бугарија, некој има потреба да манипулира затоа што потпишал капитулација! | Collector
Мицкоски: Ова не се нови барања од Бугарија, некој има потреба да манипулира затоа што потпишал капитулација!

Мицкоски: Ова не се нови барања од Бугарија, некој има потреба да манипулира затоа што потпишал капитулација!

Ова не се нови барања од Бугарија. Македонската јавност, македонските граѓани мора да знаат дека ова се барања кои постојат од 2022-ра година, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. -Јас разбирам дека некој има потреба да манипулира затоа што потпишал капитулација, затоа што бил политички неуспешен, затоа што бил национално исплакнат, бил обременет со криминал и корупција и бил подготвен бел лист хартија да потпише, да прифати се. Тоа е вистината. Македонските граѓани мора да знаат дека не се само промена на Уставот и дел од бугарската заедница во преамбулата. Тоа е само почеток, ја отвораме Пандорината кутија. Следи акцискиот план, работата на историската комисија, протоколот 2, таму има 15-тина нови барања, рече Мицкоски. Посочи дека тоа го прифатила претходната Влада.

Go to News Site