Collector
  • X (Twitter)
Giriş Yap
Шакира и други пејачи го открија рецептот за тоа како песна за Светско да биде незаборавна | Collector
Шакира и други пејачи го открија рецептот за тоа како песна за Светско да биде незаборавна

Шакира и други пејачи го открија рецептот за тоа како песна за Светско да биде незаборавна

Шакира и други пејачи го открија рецептот за тоа како песна за Светско да биде незаборавна Филип Здравески 11.06.2026 / 12:40 Музика Пред Светското првенство 2026 неколку изведувачи што работеа на песните на ФИФА зборуваа за тоа каква мора да биде една химна за да биде запаметена од навивачите ширум светот. Associated Press разговараше со Шакира, Х Балвин, Нора Фатехи и Вајклеф Жан, музичари поврзани со сегашните и минатите песни од Светските првенства на ФИФА. Шакира, која ја напиша химната на турнирот „Dai Dai“ со нигерискиот пејач Бурна Бој, исто така се потсети на својот претходен хит „Waka Waka (This Time for Africa)“ со групата Freshlyground  за турнирот во 2010 година во Јужна Африка. Remote video URL Зборувајќи за тоа што ја прави таквата песна успешна, Шакира рече дека фудбалот поврзува различни култури и луѓе, па затоа песната мора да ги пренесе нивните емоции и страст. „Големата одговорност за правење песна за Светското првенство е тоа што мора да направите песна што ги претставува чувствата, емоциите и страста на луѓето“, рече таа. Според неа, таквата песна мора да биде глобална, ритмичка и доволно силна за да ја натера публиката да танцува и да пее заедно со неа. Remote video URL Колумбиецот Хосе Алваро Осорио Балвин, кој учествува во официјалната песна на Coca-Colа за Мундијалот 2026, нова верзија на хитот „Jump“, верува дека секоја песна мора веднаш да го привлече вниманието на слушателот. Кога станува збор за химната на Светското првенство, рече дека таа мора да го следи интензитетот на фудбалските натпревари, со сите подеми и падови на емоциите што се случуваат за време на натпреварите. Remote video URL Нора Фатехи, канадско-мароканска кантавторка која е на официјалниот албум на првенството со песната „Siir, Siir“, рече дека таквата песна мора да има силен ритам и чувство на победа. Remote video URL Вајклеф Жан, хаитски пејач и еден од авторите на песната „Dar um Jeito (We Will Find a Way)“ за Светското првенство 2014 во Бразил, нагласи дека рефренот и мелодијата мора да го електрифицираат стадионот, но и да носат порака за единство и надеж. Remote video URL Шакира СП 2026 Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site