Collector
ДУИ објави документи од Катастар што ги поврзуваат Висар Ганиу и Недим Рама: 7 објекти на иста парцела | Collector
ДУИ објави документи од Катастар што ги поврзуваат Висар Ганиу и Недим Рама: 7 објекти на иста парцела
Kajgana

ДУИ објави документи од Катастар што ги поврзуваат Висар Ганиу и Недим Рама: 7 објекти на иста парцела

ДУИ објави документи од Катастар што ги поврзуваат Висар Ганиу и Недим Рама: 7 објекти на иста парцела Александра Спасеска 07.06.2026 / 12:42 Македонија Демократската унија за интеграција (ДУИ)  објави официјални документи за кои тврди дека се од Агенцијата за катастар кои отвораат сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама. „Според официјалните податоци од Катастарот: • Во Имотен лист бр. 730 за Катастарска општина Лисец-Вонград, како носители на правото се заведени Висар Ганиу и Недим Рама. • Двајцата се поврзани со парцелата 1/455, регистрирана на истата локација. • За истата парцела е отворен и Лист за предбележување на градба бр. 1213, каде како носител на правото е заведен Висар Ганиу. • На оваа парцела се евидентирани седум објекти со намена „А4-3 – викенд куќи“. Значи, не станува збор за обичен имот, туку за комплекс од повеќе викенд-објекти поврзани со лица кои до вчера управуваа со локалната власт, а денес раководат со стратешки државни институции. Овие документи отвораат легитимни прашања кои заслужуваат јавен одговор: • Кога и како е воспоставена оваа имотно-правна врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама? • Со какви финансиски средства е реализирана изградбата на седумте викенд-објекти? • Дали овие имоти и инвестиции се пријавени во анкетните листови и во изјавите за имотна состојба? • Дали постојат и други деловни односи меѓу лица кои денес контролираат значајни јавни функции? Ова не е политичко прашање. Ова е прашање на потекло на имотот, транспарентноста и можниот судир на интереси кај лица кои со години управувале со јавни буџети, а денес раководат со институции од стратешко значење за државата. ДУИ ги повикува Државната комисија за спречување на корупцијата, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и Јавното обвинителство без одлагање да ги испитаат сите околности поврзани со оваа заедничка сопственост и со изградбата на комплексот викенд-куќи. Граѓаните заслужуваат одговор на едно едноставно прашање: Дали зад политичкото партнерство на ВЛЕН се крие и приватно, односно деловно партнерство?“, стои во соопштението од ДУИ. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off

Go to News Site