COLLECTOR
Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција | Collector
Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција
Kurir

Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Бизнис 21“, истакна дека системот функционира и дека нема заштитени лица, без разлика на нивната функција. „Она што е важно е дека системот функционира, нема заштитени лица од позиција на функционери, секој кој што ќе го прекрши законот ќе одговара независно дали е од актуелната власт од било која позиција, така е и со овие два случаи“, нагласи министерот. Тој направи споредба со минатото, посочувајќи дека тогашната власт, како што рече, се обидувала да заштитува и игнорира индиции за злоупотреби и криминал, додека денес, не е така. Министерот додаде дека никој не е и нема да биде над законот, нагласувајќи дека законите мора да се почитуваат и секој што ќе се огреши треба да сноси одговорност. „Би сакал да ги охрабрам сите граѓани независно дали се земјоделци, дали се бизнисмени, ако имаат индиции за злоупотреба и дејствување надвор од законот, веднаш да пријават и веднаш ќе се делува“, порача министерот Трипуновски. Министерот нагласи дека не чувствува одговорност, единствено чувство што го има е дека треба законот да делува подеднакво за сите. „Ваквите постапки на Владата каде што се бори против корупцијата, треба да се поздрави“, истакна тој.

Go to News Site