Collector
СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО БиХ: Илјадници семејства без струја, поплави и хаос на патиштата | Collector
СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО БиХ: Илјадници семејства без струја, поплави и хаос на патиштата
Kurir

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО БиХ: Илјадници семејства без струја, поплави и хаос на патиштата

Повеќедневното невреме и снежните врнежи, покрај тешкотиите во сообраќајот и првите поплави, предизвикаа и значителни проблеми во снабдувањето со електрична енергија во делови од Босна и Херцеговина, потврди денеска Електростопанство на БиХ. Како што се наведува, најтешка е состојбата во северозападниот дел на земјата, односно на подрачјето на Унско-санскиот кантон, каде повеќе градови се без напојување со електрична енергија. Локалните медиуми известија дека во Унско-санскиот кантон пожарникарите се борат со последиците од олујното невреме кое на патиштата собори бројни дрвја, а некои подрачја останаа и без телефонски сигнал. Струја нема ниту на подрачјето на Бјелашница и Игман кај Сараево, а прекини во снабдувањето со електрична енергија се пријавени и на подрачјето на општините во централниот дел на земјата како Вареш, Олово, Завидовиќи и Маглај, како и Жепче и во Херцеговина на подрачјето на Коњиц. Агенцијата за водно подрачје на реката Сава во БиХ објави предупредување поради пораст на водостојот на реките како последица на дождот и топењето на снегот. Проблеми се очекуваат во сливот на реките Сана и Спреча. На подрачјето на Прњавор водата се излеа од коритото на Сана поплавувајќи ги околните станбени и стопански објекти. Босанскохерцеговскиот авто-мото клуб (BIHAMK) извести дека сообраќајот низ целата земја се одвива отежнато, а особено на планинските превои каде во сила се посебни мерки кои важат за камиони и други тешки возила.

Go to News Site